Британија: Русите за три месеци војна имаат загуби како за девет години во Авганистан

Од:

Во трите месеци откако Русија ја нападна Украина, руските сили претрпеа загуби споредливи со оние на Советскиот Сојуз за време на деветгодишната војна во Авганистан, соопшти британското Министерство за одбрана во извештајот на военото разузнавање.

Комбинацијата на „лоша тактика, ограничена поддршка од воздух и недостаток на флексибилност“ и пристап кон командување што се карактеризира со „подготвеност да се повторат грешките“ доведоа до големи загуби, се вели во извештајот на британското разузнавање утринава.

Русите продолжуваат да акумулираат загуби во офанзивата на Донбас, се додава во извештајот.

Руската јавност во минатото покажа дека е чувствителна на загуби во војните. Како што се акумулираат загубите во Украина, тоа ќе стане уште поочигледно, а јавното незадоволство од војната може да се зголеми, како и подготвеноста тоа јавно да се каже, се вели во извештајот.

Би можело да ве интересира

Пјаниќ им се извини на Русите: Тоа што ви го прават ФИФА и УЕФА е апсолутно погрешно

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

Руски дрон погоди станбена зграда во Херсон, пет минути пред да започне примирјето

А1он

Антируски наратив има и во Америка и во Европа

А1он

Московски суд го одби барањето на Американецот Дејвид Барнс да биде ослободен од руски затвор

А1он

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме