Британија одби да издаде родово неутрален пасош

Од:

Врховниот суд на Велика Британија денеска ја отфрли иницијативата за воведување родово неутрални пасоши, наведувајќи дека родовата ознака „х“ ќе го поткопа правниот систем изграден на јасна поделба меѓу мажите и жените.

Поддржувачите на промената ја нарекоа одлуката „понижувачка“ и „дехуманизирачка“, истакнувајќи дека со таквиот потег Британија се разминала со неколку земји кои признаваат родово неутрални документи.

Кристи Елан-Кејн, која се обидува да добие пасош со ознака „х“ од 1995 година, вели дека ќе го обжали случајот до Европскиот суд за човекови права поради повреда на нејзиното право на приватност.

Пресудата, за која Кристи тврди дека не е изненадување, доаѓа откако САД им се приклучија на голем број други земји во октомври, вклучувајќи ги Индија, Австралија и Исланд, во издавањето на својот прв пасош со родова ознака „х“.

– Во Обединетото Кралство нема правда, рече Елан-Кејн, која за себе вели дека не е ниту маж, ниту жена.

Во пресудата се наведува дека не постои закон со кој се признаваат луѓе без пол, но дека има многу закони кои ги категоризираат луѓето како мажи или жени.

Врховниот суд едногласно ја отфрли жалбата, одлучувајќи дека идентитетот на едно лице може да се потврди со помош на формулар и да се спореди со други официјални документи.

Ова ги вклучува потврдите за раѓање, посвојување или промена на полот, рече судијата Роберт Рид во пресудата.

Судиите се категорични дека недостигот на родово неутрална опција „не ги прекршува прекумерно членовите 8 и 14 од Европската конвенција за човекови права“.

Би можело да ве интересира

Уште се чека за пасош со месеци, постапката забрзана ама само за оние што имаат да платат 100 евра

Кривична пријава потив прилепчанец за фалсификување патна исправа

ДИК бара да може да се гласа со документи без „Северна“

Александар Тодески

Му „пукнал филмот“ додека чекал за пасош – жител на Табановце нападнал вработен во пасошко во Куманово

Анита Петровска Рајковиќ

Сакале да минат граница со менувана лична карта, пасош што му фалат страници, фалс зелен картон

Османи фотографира за лични документи во конзулатот во Бон

А1он