Уште се чека за пасош со месеци, постапката забрзана ама само за оние што имаат да платат 100 евра

Од:

За еден ден може да се добие термин за фотографирање за вадење пасош по итна постапка, објави денеска техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Тој објасни дека била направена реорганизацијата и се зголемиле капацитетите на управните служби и повеќе нема чекање со месеци за фотографирање за пасош по итна постапка во Скопје.  Потенцираше дека од денес граѓаните кои ќе побараат термин, ќе го добијат за истиот или за наредниот ден.

Од МВР за А1он појаснуваат дека не само фотографирањето туку и издавањето на пасошот ќе биде како и порано по итна постапка. Но, ова ќе важи само за оние граѓани кои ќе платат околу 100 евра за да закажат по итна постапка, но не и за оние во редовна. Граѓаните кои ќе закажат во редовна постапка се уште ќе мора да чекаат со месеци, или да стасаат обрасци или машините да имаат капацитет да ги испечатат пасошите.

„Изработката на патна исправа по брза постапка ќе биде за период од 48 часа. За редовна постапка со оглед на напливот на барањата, а имајќи го предвид капацитетот на машините за производство, рокот за издавање е пролонгиран.“, велат од МВР за А1он.

Сепак, барем закажувањето по брза постапка не е ограничено, односно нема да мора да се докажува итноста. Доколку имате да дадете 100 евра за пасош, ќе може да закажете термин по итна постапка и да добиете пасош за два дена.

Од МВР велат дека во моментов околу 120.000 граѓани чекаат да им бидат изработени патните исправи. Што значи дека овие лица се фотографирале, поднеле барање, но чекаат патните исправи да им бидат изработени. Од МВР неодамна информираа дека процесот е забрзан со реорганизацијата, но се уште има доцнење поради напливот на барања.

Според МВР до сега издадени се околу 1.330.000 патни исправи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) 12 граѓани ги фотографирале гласачките ливчиња, шест пријави за нудење на поткуп – Министерот Тошковски за изборниот ден

Анита Петровска Рајковиќ

МВР: Нови случаи на фотографирање и кинење на гласачко ливче

Горан Наумовски

МВР: Петмина гласачи си ги фотографирале гласачките ливчиња

Горан Наумовски

Приведен охриѓанец, го фотографирал гласачкото ливче

Катерина Ѓуровски

Лични документи можат да се подигнат и в среда на денот на изборите

Анита Петровска Рајковиќ

Бојмацалиев: Одделенијата за внатрешни работи во Кочани и Берово подготвени за претстојниот Изборен процес