Британија обезбеди 60 милиони дози вакцина против коронавирус од Санофи и ГСК

Од:

Велика Британија потпиша договор за набавка на 60 милиони дози на можна вакцина за Ковид-19 која ја развиваат Санофи и ГлаксоСмитКлајн и тоа е четврт ваков аранжман од страна на британската Влада.

Досега не е одобрена вакцина за Ковид-19, респираторно заболување предизвикано од новиот коронавирус САРС-КоВ-2, од кој досега починаа повеќе од 659.000 луѓе.

Финансиските точки од договорот не се објавени, Санови и ГСК велат дека во случај клиничките резултати да бидат позитивни, очекуваат одобрување од регулаторното тело за нивната вакцина во првата половина од 2021 година.

Ова е прв договор на Санофи и ГСК за испорака на експериментална вакцина за Ковид-19 во некоја земја.

Британските министри ја потенцираат важноста на време да се обезбедат залихи од повеќе различни кандидати за ефективна вакцина иако, како што велат, „нема гаранции“.

Велика Британија минатата недела обезбеди 30 милиони дози на експерименталната вакцина од БиоНТех/Фајзер и во принцип постигна договор за 60 милиони дози на вакцината Валнева, со можност за набавка на дополнителни 40 милиони дози, доколку вакцините се покажат безбедни, ефективни и соодветни.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он