Шкотска во 2014-та година ќе гласа за независност што може да резултира со распад на Велика Британија.
Ова беше соопштено по неколку месечните недоразбирања и неупехот од преговорите меѓу Вестминстерската Влада на Лондон и шкотската влада во Единбург.
– Делегатите од Вестминстерската опатија, треба да дадат овластување на шкотскиот парламент да одржи референдум со прашање за тоа дали Шкотска да биде во или надвор од Велика Британија, изјави шкотскиот министер Дејвид Мандел.
– Ние очекуваме дека тоа ќе се случи на есен 2014-та година, додаде тој. Мандел укажува на тоа дека двете страни треба да прифатат компромис за времето и форматот на референдумот.
Британскиот премиер Дејвид Камерон, кој сака да ја задржи Британија непроменета, даде поддршка на одржување на изборите што е можно поскоро, за да се стави крај на 300-годишниот сојуз со Англија – Шкотска, со едноставно „да“ или „не“.
Алекс Салмонд, премиерот на Шкотска, побара референдум по ова прашање. Тој предложи гласањето да се одложи до 2014 година, на 700-тата годишнина од Битката на Банокбурн, кога Шкотска војуваше со Англија.
Анкетите покажуваат дека помеѓу 30 и 40 отсто од Шкотите во моментов ја поддржуваат независноста.