Британија ќе премине од рестрикции на национално на ограничувања на локално ниво

Од:

Британскиот премиер Борис Џонсон се очекува утре да потврди дека сторгите ограничувања кои се на сила во државата за да се намали ширењето на коронавирусот ќе важат до 2. декември. Потоа ќе има рестрикции на локално ниво. Ова бидејќи последните процеки велат дека со строгиот режим било намалено ширењто на заразата. Крато олабоавување на режимот кој ќе важи на регионално ниво ќе има за време на божиќните празници.

Канцеларијата на Џонсон исто така ги потврди плановите за започнување на национална програма за вакцинација против Ковид-19 следниот месец, под претпоставка дека регулаторите ја одобруваат вакцината против вирусот. Владата, исто така, ќе го зголеми масовното тестирање во обид да се бори против вирусот додека не се појават вакцините на пазарот.

Во моментов на сила се мерки според кои пабовите, рестораните и продавниците се затворени и така ќе биде до 2 декември. За разлика од пролетната блокада, училиштата и универзитетите остануваат отворени, заедно со градилиштата и фабриките.

Новите случаи на Ковид-19 започнаа да се намалуваат низ Велика Британија, а бројот на позитивни тестови во изминатите седум дена е намален за 13,8 проценти во однос на претходната недела. Во последните седум дена се пријавени околу 2.861 смртни случаи поврзани со Ковид-19, 17 помалку од седум дена претходно. Сепак, стапката на инфекција останува висока, со 244 случаи на 100.000 луѓе.

Министерот за здравство Мет Хенкок во петокот рече дека блокадата успешно го забавила ширењето на вирусот, иако тој истакна дека луѓето мора да продолжат да ги следат мерките за намалување на бројот на случаи на инфекција.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он