Британија го демантира Путин дека житото извезено од Украина не оди во сиромашните земји

Од:

Велика Британија ги отфрли тврдењата на рускиот претседател Владимир Путин дека само мал дел од житото што се извезува од Украина оди во сиромашните земји.

Путин пред неколку дена рече дека само 2 од 87 бродови кои извезле околу 60.000 тони жито од Украина отишле во сиромашните земји.

Британското Министерство за одбрана ги наведе бројките на ОН кои покажуваат дека околу 30 отсто од житото извезено според договорот, склучен со посредство на ОН и Турција за извоз од украинските пристаништа, било испорачано во земјите со низок и среден приход во Африка, Блискиот Исток и Азија.

„Русија спроведува насочена стратегија за дезинформации за да се обиде да ја префрли вината за проблемите со несигурноста на храната, да ја дискредитира Украина и да го минимизира противењето на нејзината инвазија“, се вели во дневниот разузнавачки билтен за Украина кое британското министерство го објавува на Твитер.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нов украински напад на Белгород