Британец стана вториот човек во светот кој се излечи од ХИВ

Од:

Се верува дека 40-годишен маж од Лондон e втората личност во светот целосно излекувана од ХИВ, пренесе британски „Индипендент“.

Адам Кастилеџо го нема вирусот 30 месеци откако престанал со антиретровирусна терапија, изјавиле лекарите.

Според студијата објавена во медицинското списание „Лансет“, третманот со матични клетки што го примал поради ракот, истовремено го излечил и од вирусот.

Првиот човек излекуван од ХИВ беше Тимоти Браун, познат како „пациентот од Берлин“, во 2011 година. Тој доби сличен третман и беше откриено дека и по 3,5 години, го нема вирусот.

Според научниците, трансплантациите на матични клетки ја стопираат способноста на вирусот да се реплицира во телото, преку замена на имунолошките клетки на пациентот со донаторски клетки, кои ѝ се спротивставуваат на инфекцијата.

Тестовите извршени врз Кастилеџо покажуваат дека 99 отсто од неговите имунолошки клетки биле заменети со донаторски.

Водечкиот истражувач, професор Равиндра Кумар Гупта, од Универзитетот во Кембриџ, изјави за „Би-би-си“: „Ова речиси со сигурност претставува лек против ХИВ“.

„Нашите откритија покажуваат дека успехот во трансплантацијата на матични клетки како лек за ХИВ, првпат пријавен пред девет години кај берлински пациент, може да се преслика и кај останатите“.

Сепак, третманот со “високо ризични” матични клетки е агресивен и првенствено се користи за лекување карциноми кај пациентите, а не на ХИВ. И постојните лекови за ХИВ се високо ефективни и им овозможуваат на луѓето што живеат со вирусот да живеат долг и здрав живот.

Би можело да ве интересира

Нови случаи на ХИВ и еден на СИДА во Македонија, сите се мажи на возраст 20 и 39 години

Орце Костов

Бесплатни тестирања за ХИВ и други сексуално преносливи болести од 20 до 26 ноември

За еден месец осум нови случаи на Сида – тројца странци со престој во Македонија

А1он

Маж во Британија заразил девојка со ХИВ, сега, 14 години подоцна, тој мора да оди во затвор

Генерал Игор Кирилов: Американците спроведуваат експерименти со ХИВ инфекција на украински војници

А1он

Иницијатива на млади луѓе за промена на името ХИВ за да се отстрани стигмата

Ана Ололовска