Британец се самоуби скокајќи од мост во Москва

Од:

Еден Британец е најден мртов крај брегот на реката Москва во рускиот главен град, откако претходно скокнал од еден од мостовите.

Полицијата соопшти дека телото на маж на возраст од четириесетина години, чиј идентитет засега не е познат, било најдено под мостот Новоарбатскиј.

Сведоци изјавиле за полицијата дека човекот чудно се однесувал, а потоа се наведнувал преку оградата на мостот, откако едно време стоел на неа. Од падот останал на место мртов.

Според московската полиција, станува збор за самоубиство. Инцидентот се случил во близина на зградата на Амбасадата на Велика Британија во Москва, во чие соседство е и рускиот Парламент. Полицијата тврди дека човекот немал кај себе никакви докуманти, затоа што тие претходно му биле украдени заедно со пасошот.

Британецот поради тоа ја посетил и Британската амбасада, барајки да му помогнат. Од моостот паднал или намерно се фрлил, како што тоа го тврди полицијата, по посетата и разговорите што ги имал во зградата на Амбасадата.

Претставник на британската дипломатска мисијата само ја потврди веста за смртта, без да даде детали за целиот случај.

Човекот најверојатно допатувал во посета на Москва, каде набргу останал без документи и пари. Побарал заштита од полицијата која привремено го сместила во еден хостел и го упатила за документи да се обрати во Британската амбасада.

Засега не се знаат мотивите за однесувањето на Британецот.

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија