Британци одгледувале канабис во дворот без да знаат дека станува збор за дрога

Од:

Повозрасна брачна двојка од англискиот град Бедфорд подолго време одгледувалa канабис во својот двор, без воопшто да знаат за какво растение станува збор.

Мажот и жената им се допаднало „убавото цвеќе“ што го засадиле, па откако виделе дека тоа мошно добро напредува и се развива во нивната градина, го размножиле на повеќе места. Разможувајќи го растението, оваа брачна двојка направила голема плантажа на дрога, каква што веројатно нема никаде во Велика Британија.

Локалната полиција сосема случајно дознала за „убавото растение“ во дворот на овие бедфордчани, па отворила истрага. Мажот и жената го купиле растението на локалниот пазар од продвавачи кои продаваат разни производи од втора рака, само затоа што им се допаднало по изгледот. Тие тврдат дека не знаеле како изгледа канабисот, ниту дека станува збор за дрога за чие поседување следува затворска казна.

Претставник на полицијата во Бедфорд изјави дека тој и неговите колеги биле вчудоневидени кога виделе колку многу канабис има во дворот на овие луге.

– Ова е најголемата плантажа на канабис што ја имам видено во мојата кариера, изјави еден од полицајците во истрагата.

Сите насади со оваа дрога во дворот на мажот и жената се уништени, а целото запленето растение е запалено. Полицијата соопшти дека против брачната двојка нема да биде преземена никаква кривична постапка, ниту ќе бидат обвинети за илегално одгледување на дрога.

Нивниот идентитет не е соопштен, а неми информации ниту дали полицијата трага по продавачот, кој им го продал канабисот на мажот и жената.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во Саутемптон, клубот го одложи вечерашниот натпревар

Во Норфолк: Четиричлено семејство пронајдено мртво, таткото и мајката се прободени во вратот

Горан Наумовски

Обилниот снег на северот на Англија предизвика сообраќаен колапс и прекин на електричната енергија

Горан Наумовски

Во Манчестер: Полицијата и пожарникарите опколија авион поради закана за бомба

Горан Наумовски

Медицинската сестра која уби седум бебиња во Британија осудена на доживотен затвор

Горан Наумовски

Англиски насилник брутално претепа жена, косата на жртвата и беше црвена од крв