Брисел против забраните за патување внатре во Европската Унија

Од:

Европската Комисија не се согласува со затворањето на границите внатре во ЕУ како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот и бара заедничко решение со земјите членки кои воведоа вакви рестрикции.

Белгија е една од земјите со најстрога забрана за патувања, освен во случај на суштинска потреба, но Европската Комисија е загрижена поради оваа одлука која ја смета за недоволно пропорционална.

Портпаролот на Европската Комисија за правда, Кристијан Виганд, повтори денеска дека постои загриженост во оваа институција за белгиската одлука да се забранат несуштинските патувања.

-Бараме забраната за патување да го почитува принципот на пропорционалност, нашето барање останува дека треба да се воведат потаргетирани мерки, изјави Виганд.

Еврокомесарот за правда, Дидие Рејндерс е во контакт со белгиските власти за да се изнајде адаптирано решение, да се обезбеди слободното движење во ЕУ и функционирањето на внатрешниот пазар, додаде Виганд.

Европската Комисија бара од шест земји членки да ги прилагодат мерките за патување и слободно движење. Шесте земји веќе испратиле одговор до Европската Комисија и се работи на изнаоѓање решение.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

„Политико“: Европската Комисија отворена за нови начини на финансирање на одбраната во Источна Европа

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

ЕУ издвојува уште една милијарда евра за Украина во рамките на заемот од Г7

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки