Брисел прави планови за Брегзит без договор

Од:

Европската комисија подготвува специфични и многу тесно фокусирани планови во случај да не се постигне договор за идните односи со Велика Британија, изјави денеска европската комесарка за финансиски услуги Мерид Мекгинис.

– Денеска подготвуваме планови за вонредни состојби, многу специфични и многу тесно фокусирани, за да се осигураме дека во отсуство на договор во сектори кои се ранливи, транспорт, воздушен транспорт, би ја одржале поврзаноста, рече Мекгинис пред ирскиот парламентарен комитет. .

– Не сум многу охрабрена од денешниот говор на британскиот премиер во Долниот дом, рече таа.

Борис Џонсон, денеска во долниот дом на британскиот Парламент рече дека ЕУ поставува неприфатливи услови.

– Нашите пријатели во Европската унија во моментов инсистираат на тоа дека ако тие усвојат нов закон во иднина што ние во оваа земја нема да го почитуваме … тогаш тие сакаат автоматско право … да нè казнат и да возвратат, рече тој.

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

Калас: Кина ќе се смее на трговската војна меѓу САД и ЕУ

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски