Брисел подготвува квота за прием на имигрантите кои го минуваат Медитеранот

Од:

Европската Комисија најави дека подготвува квота за прием на имигранти кои илегално го минуваат Медитеранот, според посебно определена шема.

Замислено е квотата да се определува врз основа на бројот на населението на секоја земја членка на ЕУ, според економските параметри и состојби и бројот на азилантите кои претходно се веќе примени.

Првите реакции од земјите во ЕУ, се различни, но повеќето од членките ја оценуваат идејата со квота да се решава бегалската и имигрантската криза во Медитеранот, како „контроверзна“.

Германија која веќе има примено 200 илјади апликации за азиланти, гледа благонаклоно на планот на Европската Комисија. Поддршка за едно вакво решение даваат Италија и Малта, двете земји во ЕУ кои се први на удар на бранот имигранти кои од Либија се обидуваат да дојдат до брегот на Европа.

Австрискиот премиер Вернер Фајман, чија земја има разбирање за планот на Брисел. изјави во Виена дека воведувањето квота би значела воспоставување на една фер состојба, околу прашањето на овие имигранти, а не како чин на милосрдие.

Против идејата, веднаш реагираше Велика Британија. Официјален Лондон смета дека Британија веќе досега се покажала коректна кон ваквите прашања , примајќи кај себе голем број имигранти, па дека нема да прифати „наметната квота“ од Брисел.

Против се изјаснија и Словачка, Естонија и Унгарија. Унгарскиот премиер Виктор Орабан го оквалификува планот на Европската Комисија како „луда и неразумна идеја“.

ОН проценува дека 60 илјади имигранти од Африка и земјите на Блискиот Исток веќе се обиделе да го минат Медитеранот. Во првите четири месеци загинаа повеќе од 1800 лица.

Би можело да ве интересира

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто