Брисел: Oткажани 44% од летовите на националниот аеродром

Од:

Со блокирање на пристапните влезови во градот, утринава во 05:30 часот во Брисел започнаа новите масовни штрајкови на синдикалните организации на Фландрија и Валонија, при што најмногу настрадаа странските патници, поради одложување на дури 44 отсто од денешните летови на националниот аеродром Завентем.

Како што јави допсиникот на МИА од Брисел, влезовите кај населбите Делта и Валонија Брабант се блокирани и влезот во главниот град на Кралството Белгија е речиси блокиран и неколку индустриски зони исто така се блокирани.

Градскиот превоз (метро, трамвај и автобуси) во Брисел е исто така запрен и само ретки ТЕЦ-автобуси циркулираат во реонот на Валонија Брабант. Исто така, дури 44 проценти, односно 260 авиони од летовите на националниот бриселски аеродром Завентем се приземјени, додека во центарот на Брисел, на познатата шопинг-улица Ру Нев, полицијата извршила 19 административни апсења, при што според на портпаролот на полициската Здружена оперативна команда Брисел, сите се ослободени во 11:30 часот.

Влезот во Брисел е блокиран и во предниот дел и кај населбата Андерлехт, каде е оневозможен и железничкиот сособраќај. Синдикалните унионисти целосно го блокираа и меѓуградскиот автобуски сообраќај. Тие поставија таканаречени филтер-брани и пред индустриската зона на Сент Ландри во Недер-овер-Хембек, како и на излезот од градот кај продавницата Кора во населбата Волуве-Сент-Ламберт, на излезот 17 кај индустриската зина и кај населбата Хале.

Болничкиот персонал во здравствените установи во Брисел обезбедува денеска само минимални услуги поради штрајкот.

„Брисел ерлајнс” веќе откажа 16 проценти од своите летови, нискобџуетната „Џетерфлај” ги пренасочи своите патници со автобус да летаат од градовите Остенд, Лиеж, Шарлроа и Амстердам. Голем проблем за белгиските власти е што штрајкуваат и вработените во затворите, па полицијата го засили обезбедувањето на надворешната страна на казнено-поправните установи, а штрајкуваат и врбаотените во судовите.

Инаку, незадоволството на синдикатите е поради одлуката за штедење на новата Влада предводена од премиерот Шарл Мишел, кој доаѓа од белгиската Либерална партија.

Попладнево, се стравува дека е можна ескалација на протестите во центарот на Брисел, како повторување на штрајкот од пред две седмици кога припадниците на синдикалните организации се судрија со белгиската полиција, по што имаше неколку запалени автомобили, блокади на улиците и неколкумина повредени и уапсени.

Поради речиси половината откажани летови во и од Брисел, штрајковите го усложнуваат и учеството на македонскиот министер за надворешни рбаоти Никола Попоски на утрешната конференција за “пристапувањето на Западниот Балкан кон Европската унија”, што во Брисел ја организира невладината „Пријатели на Европа”.

Би можело да ве интересира

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Стотици фармери ги блокираа патиштата околу белгиското пристаниште Антверпен-Бриж

20-метарска елка падна врз луѓе во Белгија, умре жена

Катерина Ѓуровски