Брисел: Нема прослава за Нова година поради закана од тероризам

Од:

Претставници на Брисел ги откажаа сите традиционални прослави по повод Нова година во тој град поради закана од терористички напади.

Потегот уследи откако се уапсени две лица за кои се сомнева дека планирале напад за празниците.

– Заедно со министерот за внатрешни работи одлучивме да ја откажеме прославата утре, наведоа бриселски претставници.

Околу 100.000 лица присуствуваа на дочекот и прославата минатата година.

– Огноментот и се во врска со тоа би можело да доведе луѓе во центарот на Брисел. Поради различни анализи и ризици принудени сме да ги откажеме сите прослави, се наведува во соопштението.

Белгиската полиција приведе во меѓувреме заради испитување едно лице за време на рација во предградието Моленбек, претежно населено со имигранти, а во врска со нападите извршени во Париз минатиот месец, соопштија обвинители.

Би можело да ве интересира

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Стотици фармери ги блокираа патиштата околу белгиското пристаниште Антверпен-Бриж

20-метарска елка падна врз луѓе во Белгија, умре жена

Катерина Ѓуровски