Брисел не е задоволен од одлуката на Германија и Белгија да ги затворат границите

Од:

Европската Комисија со големи резерви ги дочека одлуките на некои земји членки, како Германија и Белгија, да ги затворат делумно или целосно своите граници поради коронавирусот.

Според ЕК, загрижува непочитувањето на принципот на пропорционалност во овие одлуки.

Портпаролот во Комисијата за правда, Кристијан Виганд попладнево изјави дека во случајот на Белгија во тек се контакти помеѓу белгиските власти и Европската Комисија, која изразила загриженост за некои од белгиските одлуки.

-Доколку биде потребно Комисијата “ќе преземе мерки“ рече Виганд.

Белгија, како и Германија, одлучи да ги забрани “несуштинските“ патувања, но се чини дека согласно законодавството на ЕУ овие мерки не ги почитуваат правилата одредени од страна на земјите членки.

Белгија засега планира оваа забрана да трае до први април, но можно е да се олеснат мерките во текот на март, доколку тоа го дозволат бројките на заразени и хоспитализирани. Засега епидемијата е под релативна контрола во Белгија и, за разлика од други земји, бројките се намалуваат и нема најава за трет бран.

Препораките на Европската Комисија не се правно обврзувачки, се бранат белгиските власти.

Би можело да ве интересира

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц

„Политико“: Европската Комисија отворена за нови начини на финансирање на одбраната во Источна Европа

Авион падна во фабрички комплекс, има загинати

Мерц: Украина не треба да влезе во НАТО или во ЕУ додека е во војна со Русија

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува