Брисел: Ако Лондон не се согласи на отстапки, ќе ги напуштиме преговорите за Брегзит

Од:

Европска Унија се закани дека ќе се повлече од преговорите за Брегзит, ако Велика Британија не се согласи на компромис, објави британскиот весник Гардијан.

Главниот преговарач на ЕУ за Брегзит, Мишел Барние го предупредил британскиот колега Дејвид Фрост, дека ќе ги напушти преговорите ако во следните 48 часа Даунинг Стрит не одобри голема промена во преговорите.

Барние за време на вчерашната видео конференција му порача на Форест дека идните разговори ќе бидат бесмислени доколку Велика Британија не може да направи компромис за клучните прашања.

Повлекувањето на Барние од преговорите е чекор со кој би се извршил притисок врз британскиот премиер Борис Џонсон да му даде нови упатства на Фрост, а во истовреме може да ги охрабри членовите на британската Конзервативна партија, кои оценуват дека без договор е подобар излез.

Претходно, претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајан, во својот говор на пленарнатра седница на ЕП, истакна дека не е сигурна дали ќе се постигне договор, при тоа додавајќи дека изминатите денови постигнат е напредок за повеќе важни прашања.

– Сепак, има уште три прашања за кои треба да се одлучи дали ќе има договор или не. Клучните прашања за европската страна се – исти правила за конкуренција за сите, риболовот и прашањето како ќе се решат споровите околу толкувањето на можниот договор. Ни остана уште малку време и ќе сториме се што е во наша моќ да постигнеме договор. Ние сме подготвени да бидеме креативни, посочи фон дер Лајан.

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

Калас: Кина ќе се смее на трговската војна меѓу САД и ЕУ

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски