Брифинг во Конгрес за наводите дека Русија плаќа за убивање на американски војници во Авганистан

Од:

Шефовите на разузнавачките служби на САД одржаа доверлив брифинг со лидерите на Конгресот на САД, кои бараа извештај за разузнавачката проценка дека Русија нуди паричен надоместок за убиства на американските војници во Авганистан.

Високите претставници на разузнавачките служби, вклучувајќи ја и главната директорка на ЦИА, Џина Хаспел и директорот на Националната разузнавачка служба, Џон Ратклиф, имаа брифинг зад затворени врати за група политичари наречени „Осумчлена банда“ составена од лидерот на мнозинството во Сенатот, Мич Меконел, претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси и највисоките републиканци и демократи од два одбори за надзор на разузнавачки служби.

Пред состанокот, Пелоси истакна дека се надева републиканците на брифингот да бидат „отворени за вистината“ и побара дополнителни санкции против Русија.

Белата куќа инсистира на тоа дека Трамп не е запознаен со таа проценка затоа што не е верификувана, иако ретко е да се потврдат некои разузнавачи без сенка на сомнеж, пред да биде претставена пред високи носители на одлуки.

– Белата куќа измами велејќи дека оваа проценка не е достојна за вниманието на претседателот, затоа што не беше потпишана од сите разузнавачки агенции, додаде Пелоси.

Трамп е под голем притисок да соопшти како САД ќе одговори на Русија или зошто нема. Но, тој не само што не го стори тоа, туку ја потценува и разузнавачката служба, јавно нарекувајќи ги „лажни вести“ што имаат за цел да му наштетат нему и на Републиканската партија.

Претходно, во заедничко писмо на Пелоси и лидерот на демократите во Сенатот, Џак Џамер го обвинија дека Трамп ја минимализира заканата и оти е е несфатливо попустлив кон Русија.

Тие наведоа дека дека секоја закана по американските вооружени сили мора бескомпромисно да се истражи.

Трамп извештајот на американските разузнавачки служби го нарече „измама“ и не сака да се изјасни зошто САД не реагирале официјално.

– На нашите вооружени сили би им било подобро ако претседателоит Трамп повеќе време би посветил на читање на дневните извештаи, а помалку би се занимавал со планирање на воени паради или одбрана на конфедералното расистичко наследство, се наведува во заедничкото соопштение на Пелоси и Џамер.

Сенаторот Пат Туми, републиканец, ја повика Владата да ги брифира сите сенатори и „ако се заклучи дека Русија понудила пари за убиството на американските војници, потребен е цврст американски одговор за краток рок“, додека пак останатите републиканци веруваат во одговорот на Владата и го бранат Трамп.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Додик отпатува за Русија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија