Бридлав: Русија не се однесува како одговорна нуклеарна држава

Од:

Плановите на Русија да го збогати нуклеарниот арсенал со нови ракети, кои можат да носат нуклеарно полнење, не се соодветни на една одговорна сила, изјави главниот командант на силите на НАТО во Европа, генерал Филип Бридлав.

Пред два дена рускиот претседател Владимир Путин изјави дека оваа година неговата земја ќе го зголеми својот нуклеарен арсенал со повеќе од 40 нови интерконтинентални балистички ракети, способни да ги надминат и најсовршените системи за противракетна одбрана.

– Тоа не е однесување на одговорна нуклеарна држава. Реториката, која ги зголемува тензиите во нуклеарната сфера, не е пример за одговорно однесување и ние бараме од овие држави да имаат поодговорен однос кон ваков вид на оружје, истакна Бридлав.

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија