Бридлав: Не ја вооружувајте Украина

Од:

Командантот на НАТО во Европа Филип Бридлав предупреди денеска дека испраќањето модерно оружје во Украина може да провоцира остар одговор од Русија.

Бридлав за време на седница на министрите за одбрана на членките на НАТО во Брисел, изјави дека помош на Украина во оружје во судирите со проруските сили би предизвикала Русија „остро да одговори“.

НАТО засега и помага на Украина во реформите на вооружените сили и во лекови и опрема за помош на ранети. Некои држави се залагаат за испраќање дефанзивно оружје како што се радарски системи и уреди за електронско извидување и попречување. Дипломати  укажуваат дека Алијансата не може да спречи членки да на билатернално ниво и испратат на Украина воена помош.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

Украина: Четири деца се повредени во руски воздушен напад врз Харков

Украина ќе може да повикува затвореници во војска

Горан Наумовски

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Загина познатиот украински кревач на тегови Александар Пелешенко