Бразилската полиција го обвини Болсонаро за ширење антиваксерски изјави

Од:

Бразилската полиција го обвини претседателот Жаир Болсонаро дека заговарал за непочитување на мерките за спречување на пандемијата и за лажно тврдење дека вакцинираните против ковид-19 се изложени на ризик да заболат од сида.

Во документот испратен до Врховниот суд на Бразил, полицијата соопшти дека дејствијата на Болсонаро за обесхрабрување на почитувањето на здравствените мерки поврзани со пандемијата претставуваат кривично дело и дека неговите тврдења кои ја поврзуваат сидата со вакцинацијата не се во согласност со законот.

Полицијата побара од судијата на Врховниот суд да ја овласти полицијата да поднесе пријава против Болсонаро и другите инволвирани во случајот.

Исто така, се вели дека се потребни дополнителни чекори за да се заврши истрагата, вклучително и сослушување на Болсонаро.

Во директен пренос на социјалните мрежи минатиот октомври, бразилскиот претседател рече, без да обезбеди никакви докази, дека извештаите на британската влада покажале дека луѓето целосно вакцинирани против ковид-19 развиле сида.

Болсонаро, кој одби да ја прими вакцината, беше привремено суспендиран од Фејсбук и Јутјуб по овие коментари.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х

Врховниот суд на Бразил го забрани Х на Маск