БРАЗИЛ: На изборите кандидати ќе бидат Бетмен и Робин, Бин Ладен…

Од:

Бетмен, неговиот помошник Робин, Осама Бин Ладен, се само некои од кандидатите на локалните избори во Аракажу, главниот град на бразилската држава Сержипи.

Осум кандидати решиле да се преправат за да привлечат внимание на гласачите на изборите што ќе се одржат во октомври, во повеќе од 5000 бразилски општини.

Во своите рекламни спотови, тие се појавуваат под маската на суперхероите или кловнови, со надеж дека ќе ја добијат довербата на што поголем број на гласачи.

„Гласајте за Бетмен, бидејќи нема ништо, ништо да направам против народот. Ќе работам се во корист на народот“- вели во својот спот Денер „Бетмен“ Насименто, кандидат на Бразилското демократско движење, во костумот на прочуениот човек – лилјак.

Политичките партии го поддржуваат овој феномен, бидејќи сметаат дека „откачените“ кандидати можат да ја зголемат излезноста на изборите.

„Се преправам, бидејќи така можам да се подсмевам и играм со политичарите“- објасни Жајлсон Гомеш Мота, кандидат на социјалдемократите, кој се претстави како десната рака на Бетмен, Робин.

Освен подсмев, преправањето може да донесе и резултати. Во 2010 година, кловнот Тиририка избран е за член на Конгресот со повеќе од 1,3 милиони гласови, что било повеќе од било кој кандидат на тие избори.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Аеродром во Бразил e поплавен: „Салгадо Фиљо“ ќе е затворен до крајот на мај

Големи поплави во Бразил, загинаа 83 лица, 111 се исчезнати

(ВИДЕО) Гори зграда од 28 ката во Бразил

Горан Наумовски

Заложничка драма во Бразил, двајца се тешко ранети

Горан Наумовски

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Големи поплави и загинати во Бразил