Бразил им „објави војна“ на комарците и вирусот зика

Од:

Бразилскиот претседател Дилма Русеф им објави војна на комарците кои го шират вирусот зика.

Во снимено обраќање до нацијата, претседателката Русеф соопшти дека сабота е прогласена за ден за мобилизација, во кој ќе се вклучат илјадници припадници на бразилската армија и вработените во државните служби.

Сите тие ќе работат на истребувањето на опасните инсекти од домовите и од службените простории и државните канцеларии.

Според Русеф, најголемиот број од комарците се во, или сосема блиску до домовите и живеалиштата на луѓето.

Вирусот зика се поврзува со раѓањето бебиња со ненормално мали глави, сите родени од мајки кои додека биле бремени, биле заразени од овој вирус.

Зика забрзано се шири низ Бразил, каде и прв пат се појави во мај минатата година,но и низ земјите од Латинска Америка и Карибите.

Светската здравствена организација (СЗО) прогласи глобална тревога, откако вирусот е откриен во 14 земји од американскиот континент, а случаи на Зика се регистрирани и во делови од САД, како и во неколку земји од Европа.

Русеф побара од Бразилците сите да учествуваат во битката против комарците „Aedes Aegypti“ koи се пренесувачи на вирусот.

– Станува збор за битка која не смее да се загуби, рече претседателката Русеф, објаснувајќи дека додека не се открие вакцина против Зика, единствена метода со која располага Бразил е жестоката борба против комарците.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х

Врховниот суд на Бразил го забрани Х на Маск