Бразил и Холандија ги повлекоа амбасадорите од Индонезија

Од:

Бразил и Холандија денеска ги повлекле своите дипломатски претставници од Индонезија откако власите на оваа земја погубиле шестмина затвореници, осудениз а поседување на дрога, пренесуваат светските агенции.

Игнорирајќи ги апелите за нивно помилување, синоќа стрелачки вод ја извршил смртната казна на шест луѓе, меѓу кои еден е Индонезиски државјанин, а останатите се странци, од Бразил, Холандија, Малави, Виетнам и Нигерија.

Бразил го повлекол својот амбасадор заради натамошни консултации, а како што соопштиле од тамошните власти, овој случај ќе влијае на билатералните односи меѓу двете земји.

Холандија исто така го отповикала амбасадорот од својата поранешна колонија, оценувајќи ја одлуката на индонезиските власти како сурова и нехумана казна која претставува негирање на човековото достоинство и интегритет.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници