Бразил 50 дена без министер за здравство се бори со епидемијата

Од:

Бразил веќе 50 дена е без официјален министер за здравство, додека во земјата се регистрирани повеќе од 1,5 милион случаи на коронавирус.

Оваа функција привремено ја извршува генералот Едуардо Пачуело, кој нема никакво претходно медицинско искуство, бидејќи последниот министер за здравство, Нелсон Теих, поднесе оставка на 15 мај.

Теих, кој на функцијата мина помалку од еден месец, се повлече по критиките од претседателот Жаир Болсонаро дека е „премногу плашлив да ја отвори економијата и дека се залага за употреба на лекот хлорокин“. Тој, меѓутоа, не ја изнесе вистинската причина за оставката, а неговиот претходник Луиз Мандету беше отпуштен од Болсонаро, потсетува Си-Ен-Ен.

Болсонаро, кој често пати им се спротивставува на насоките за социјално дистанцирање, препорачани од повеќето здравствени експерти, и за вирусот вели дека е „мал грип“, е под постојана и сериозна критика за намалување на сериозноста на епидемијата.

Под привремената команда на генералот Пачуело, повеќе од 20 стратешки позиции во Министерството за здравство се зазамени од воени лица. Најголемата критика против него, сепак, дојде кога по наредба на Болсонаро и желбата да се намалат негативните последици од големиот број смртни случаи, го смени форматот на презентација на податоците. По силен домашен и меѓународен притисок, Врховниот федерален суд донесе одлука податоците да мора да бидат објавени како што се правеше претходно.

Со повеќе од 1,5 милион потврдени случаи и најмалку 63.144 смртни случаи, Бразил се наоѓа на второто место во светот, зад САД.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х

Врховниот суд на Бразил го забрани Х на Маск