Бразил: 36 загинати во поплави и лизгање на земјиштето

Од:

Обилните дождови во југоисточниот дел на Бразил предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето во кои загинаа 36 луѓе, а стотици беа принудени да ги напуштат своите домови, соопштија локалните власти.

Спасувачите продолжуваат со потрагата по преживеани и расчистување на блокираните патишта, кои блокираа многу туристи кои се упатуваат кон карневалот во Рио де Жанеиро, пренесува Ројтерс.

Федералната влада нареди неколку министерства да им помогнат на погодените области во обновата на инфраструктурата.

Сојузната држава Сао Паоло прогласи вонредна состојба во шест градови за 180 дена, поради бурите кои експертите ги опишаа како екстремни.

Пристаништето Сантос, најголемото во Јужна Америка, беше затворено поради силните налети на ветерот кој надмина 55 километри на час и брановите високи над еден метар.

Претседателот Луис Инасио Лула да Силва најави дека денеска ќе ги посети подрачјата погодени од невремето, а метеоролозите прогнозираат продолжување на обилните дождови, пренесува Танјуг.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Голема поплава во Русија, илјадници евакуирани

(ВИДЕО) Гори зграда од 28 ката во Бразил

Горан Наумовски

Заложничка драма во Бразил, двајца се тешко ранети

Горан Наумовски

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

Поплави во долината Неретва