Борел: Тензиите помеѓу ЕУ и Русија се зголемуваат

Од:

Шефот на дипломатијата на ЕУ, Жосеп Борел, пред почетокот на денешниот неформален состанок на министрите за надворешни работи порача дека односите со Русија се влошуваат во повеќе сегменти, јави дописничката на МИА од Брисел.

Денешниот министерски состанок се одржува преку видео-конференциска врска поради рестрикциите поврзани за пандемијата.

Прва точка на дневен ред и најинтензивна ќе биде Русија, најави Борел. Дискусијата ќе се одвива околу три главни прашања: протерувањето на руските дипломати од Чешка, здравствената состојба на Навални и ситуацијата на украинската граница со Русија.

Се очекува прво чешкиот министер да ги информира прецизно неговите колеги од ЕУ за одлуката да протера осумнаесет руски дипломати од Чешка поврзано за случување од пред повеќе години.

Министрите ќе повторат дека се длабоко загрижени за здравјето на опозиционерот Алексеј Навални кој се наоѓа во затвор во Русија и бара пристап до медицински персонал од доверба откако пред неколку месеци преживеа обид за труење со хемиска супстанца.

Борел изјави утрово пред почетокот на состанокот дека руските власти се одговорни за неговото здравје.

Ситуацијата на границата меѓу Русија и Украина е следната точка на разговор во контекст на Русија. ЕУ ќе повика повторно Москва да ги повлече своите трупи од границата каде состојбата станува “многу опасна“, рече Борел. Министрите го поканија и украинскиот министер за надворешни работи за дискусија.

-Сѐ на сѐ односите со Русија не се подобруваат, и тензиите се зголемуваат во повеќе сегменти, изјави шефот на дипломатијата на ЕУ.

Вториот дел од дискусијата ќе се фокусира на Африка, поточно ситуацијата во Етиопија.

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски