Борел се залага Кина да посредува во војната во Украина

Од:

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, се залага Кина да се вклучи во посредувањето во руската војна против Украина.

„Нема друга алтернатива. Ние Европејците не можеме да бидеме посредници, јасно е… Ниту САД тоа го можат. Па кој друг? Тоа мора да биде Кина, јас верувам во тоа“, рече Борел во интервју за шпанскиот весник „Ел Мундо“.

Борел, кој е Шпанец, меѓутоа призна дека завојуваните страни и нивните поддржувачи немаат цврсти планови за надворешното посредување од Кина.

„Ние не ги прашавме за тоа, а ниту Кинезите“, додаде тој.

Борел во интервјуто ја брани европската позиција на испорака на европско оружје во воената зона и за наметнување строги санкции кон Русија.

„Овие мерки се апсолутно неопходни“, рече тој, и покрај истовремените дипломатски напори за решавање на конфликтот.

„Испораките на оружје им овозможуваат на Украинците да се борат, да бидат во подобра позиција да преговараат и, ако е можно, да постигнат прекин на огнот“, изјави поранешниот шеф на шпанската дипломатија и поранешен претседател на Европскиот парламент.

„И после тоа, дипломатијата мора да ја игра својата улога, а тука Кина мора да има своја улога“, нагласи шефот на европската дипломатија во интервјуто за „Ел Мундо“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Зеленски објави важна вест: Утре..

Каква е реалната ситуација на терен: За Украинците отчукува часовникот, нема големи шанси за пробив

Цените на нафтата паѓаат, Русија и Саудиска Арабија планираат да ја зголемат понудата

Русија: Уапсивме човек од Крим кој и даваше информации на Украина

(ВИДЕО) Путин се сретна со поранешниот командант на „Вагнер“: „Од сега па натаму работи за мене“

Украински дрон погоди руска електрана