Борел: Санкциите на ЕУ ќе бидат против 27 лица и субјекти во Русија

Од:

Санкциите на Европската унија ќе бидат насочени против 27 лица и субјекти кои го загрозуваат територијалниот интегритет на Украина, изјави шефот на европската дипломатија Жозеп Борел.

Тој на прес-конференција рече дека заедно со руските пратеници кои го поддржаа признавањето на сепаратистичките региони, ќе бидат погодени и банките кои ги финансираат носителите на клучните одлуки и нивните операции во Донбас.

Способноста на Русија и руската влада да дојдат до европски капитал на финансиските пазари и услуги, исто така, ќе бидат погодена од санкции. Тој додаде дека „санкциите ќе бидат само дел од одговорот на Европската унија“.

Претходно, шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ле Дриан изјави дека Европската Унија вечерва едногласно ги договори новите санкции против Русија по вчерашната одлука на официјална Москва да ја признае независноста на двата сепаратистички региона во источна Украина, Доњецк и Луганск.

И претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лејен, одржи прес-конференција за санкциите против Русија.

– Го поздравувам договорот на членките на ЕУ за новите санкции против Русија, која создаде криза и е одговорна за ескалацијата. Наскоро ќе го финализираме пакетот санкции во соработка со партнерите, изјави шефицата на ЕК.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Стармер: Разговорите за Украина не можат да се водат без Украина

А1он

Оние 300 милијарди долари што Западот ги замрзна на Русија сега стануваат многу важни

А1он

Кличко: Киев цел на повеќечасовен руски воздушен напад

А1он

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари