Борел: Русија е зависна од западните технологии, санкциите имаат влијание

Од:

Зависноста на Русија од европската и американската технологија е шест пати поголема од онаа од Кина, поради што алтернативните кинески производи не можат да ги задоволат потребите на руската економија под санкциите, изјави првиот европски дипломат, Жозеп Борел, во интервју објавено денеска во весникот „Јомиури“.

„Некои можеби се прашуваат дали овие санкции навистина влијаат врз руската економија. Едноставниот одговор е „да“. Русија извезува многу суровини, но мора да увезе многу производи со висока додадена вредност што не ги произведува дома. Што се однесува до напредните технологии, Русија е 45 отсто зависна од Европа и 21 отсто од САД, додека за Кина овој удел е само 11 отсто“, објасни Борел.

Според него, Кина веќе и нуди на Русија ограничено количество алтернативни производи, особено високотехнолошки производи.

„Кина, која многу се потпира на извозот во развиените земји, досега не и понуди на Русија помош за заобиколување на западните санкции. Кинескиот извоз во Русија падна на нивото на извозот во западните земји“, нагласи шефот на европската дипломатија во интервјуто за весникот „Јомиури“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски