Борел: Путин веруваше дека ќе ја освои Украина, не успеа

Од:

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел изјави дека рускиот претседател Владимир Путин „верувал дека ќе ја освои Украина“, но „не успеал“.

– Веруваше дека ќе нè подели, но не успеа. Тој веруваше дека ќе ги ослаби трансатлантските односи и не успеа. Сега мора да престане, додаде тој во изјава пред почетокот на самитот на лидерите на ЕУ во Версај, Франција.

Борел рече дека европските земји ќе бидат „многу побезбедни“ откако ќе ја намалат нивната зависност од рускиот извоз на енергија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

Дете загина во експлозија на нагазна мина во регионот Белгород

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Данска ќе испрати војници на обука во Украина