Борел: На ЕУ ќе и биде тешко да и верува на Кина ако не се залага за мир во Украина

Од:

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, изјави дека на Европа ќе и биде тешко да и верува на Кина доколку не се обиде да најде политичко решение за украинската криза.

Тоа е дел од говорот што Борел требаше да го одржи во тинк-тенк во Пекинг, но мораше да го откаже патувањето во Кина бидејќи се зарази со коронавирус. Подготвеното обраќање е објавено на веб-страницата на ЕУ.

„Ќе биде исклучително тешко, ако не и невозможно, Европската унија да одржи однос на доверба со Кина, што би сакал да го видам, доколку Кина не придонесе во потрагата по политичко решение засновано на повлекување на Русија од украинска територија“, предупреди Борел.

Би можело да ве интересира

Русија продава нафта за 20 долари поскапо од цената што Г7 сака да и ја нематне

Буданов: Украинските војници во офанзива одат пеш

Украина: Припадници на „Вагнер“ се вратија во Бахмут

Поради стравот од директен конфликт со Русија, Германија го одложува испраќањето крстосувачки ракети во Украина

Путин е подготвен да стави крај на војната доколку Украина исполни еден услов

Русите: Напредуваме