Борел ја осуди руската одлука за затворање на „Московската Хелсиншка група“

Од:

Високиот претставник на Европската Унија Жозеп Борел денеска го осуди затворањето на „Московската Хелсиншка група“, наведувајќи дека тоа е „уште еден напад врз човековите права во Русија“.

Рускиот суд денеска нареди распуштање на „Московската хелсиншка група“, најстарата невладина организација за одбрана на човековите права во Русија.

„Кремљ ја проширува својата агресија во Украина во политичка репресија дома, ги замолчува бранителите на човековите права, го задушува граѓанското општество и гласовите кои го отфрлаат авторитаризмот и војната“, напиша Борел на својот официјален профил на Твитер.

„Московската Хелсиншка група“ беше формирана во 1976 година за да се осигура дека Советскиот Сојуз ги почитува преземените обврски за човековите права.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски