Борел: Европа се наоѓа во најопасниот момент по Студената војна

Од:

Европа се соочува со најсериозната закана по нејзината безбедност од завршувањето на Студената војна, предупреди денеска шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел.

Борел, сепак, нагласи дека дипломатското решение со Русија за Украина останува „можно“.

-Според мене, ние го доживуваме најопасниот момент за безбедноста во Европа од крајот на Студената војна, рече Борел на заедничката прес-конференција во Вашингтон со американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Запрашан за предупредувањата на САД за претстојната руска инвазија на Украина, Блинкен го негираше паничниот став на Вашингтон, велејќи: „Ова не е паника. Ова се само факти“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Стармер: Разговорите за Украина не можат да се водат без Украина

А1он

Оние 300 милијарди долари што Западот ги замрзна на Русија сега стануваат многу важни

А1он

Кличко: Киев цел на повеќечасовен руски воздушен напад

А1он

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари