Борел: ЕУ сега конечно се однесува како геополитички актер

Од:

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска во Фиренца оцени дека Унијата денеска конечно дејствува како геополитички актер, користејќи го јазикот на силата.

Тој кажа дека украинската криза има и колатерални позитивни ефекти.

-Да ја немавме оваа војна, немаше да ја видиме зависноста од енергијата и Европа ќе беше во опасност. Кога гледаме закани, тогаш мора да преземеме мерки, објасни Борел на Конференцијата за состојбите во ЕУ.

Поранешниот фински премиер Александар Стуб, исто така, на конференцијата, организирана од Европскиот универзитетски институт во Фиренца, рече дека ЕУ од регулатор во многу области се трансформирала во геополитички актер.

-На ЕУ и требаа неколку години да стане актер во финансиската криза, неколку месеци во пандемијата, а кога станува збор за војната во Украина, и требаа само неколку дена, рече тој.

На прашањето дали веруваше дека ќе има војна, Борел одговори дека тој не ја видел, а Американците ја предвиделе.

-Денот пред почетокот на војната добив покана и ми рекоа дека тоа ќе се случи во текот на викендот. Сакав да верувам дека нема да има војна, прецизираше Борел.

Тој посочи дека ЕУ е многу загрижена дека може да дојде до конфликт и во Молдавија.

Стуб, пак, нагласи дека сметал дека тензиите меѓу Украина и Русија ќе завршат со замрзнат конфликт и дека не верувал дека ќе дојде до војна.

Сепак, вели тој, добрата вест е што Владимир Путин бил изненаден што ЕУ и САД биле обединети во одговорот на нападот врз Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков