Борел: Доколку биде потребно ЕУ е подготвена да воведе санкции против Русија

Од:

Европска Унија е подготвена да претстави „целосен пакет санкции“ за Русија „штом ќе биде потребно“, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

– Веќе подготвивме целосен пакет санкции. Работевме на тоа и бев во контакт со САД и со сите партнерски земји, со техничка поддршка на Европската комисија, посочи Борел.

Тој говорејќи на неформалниот состанок на земјите-членки на Европскиот совет, на кој ќе се разговара за руско-украинската криза, повтори дека ЕУ „се уште верува во дипломатскиот процес“ и оти ќе ги концентрира напорите на дипломатијата, но предупреди дека ЕУ „ќе дејствува решително“ доколку потребно.

– Ако има агресија, веднаш ќе го повикам Советот за надворешни работи да предложи пакет санкции и сигурен сум дека, иако е потребна едногласност, Советот ќе ги одобри. Кога ќе дојде моментот одлучно ќе дејствуваме одлучно, посочи Борел.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пјаниќ им се извини на Русите: Тоа што ви го прават ФИФА и УЕФА е апсолутно погрешно

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

Руски дрон погоди станбена зграда во Херсон, пет минути пред да започне примирјето

А1он

Антируски наратив има и во Америка и во Европа

А1он

Московски суд го одби барањето на Американецот Дејвид Барнс да биде ослободен од руски затвор

А1он

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија