Борел бара ЕУ да се се откаже од принципот на едногласност

Од:

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, изјави дека ЕУ треба да се откаже од принципот на едногласност, што ја спречува да носи важни одлуки откако проширувањето се врати на дневниот ред на Унијата.

Тој напиша авторски текст за резултатите од минатонеделниот самит на лидерите на ЕУ, јавува Анадолија.

„Како што го поттикнуваме проширувањето на ЕУ, така треба да направиме сличен напор за реформирање на ЕУ и нашето одлучување. Затоа што проширената ЕУ треба да може полесно да дејствува. Тоа значи и стеснување на опсегот на правилата за консензус во надворешната политика и другите области и донесување повеќе одлуки со квалификувано мнозинство“, напиша Борел.

Борел истакна дека на ЕУ и требаше еден месец за да го прифати шестиот пакет санкции против Русија на крајот на мај, но некои од точките договорени во Советот (како што е санкцијата за патријархот Кирил на Руската православна црква) не може да се рефлектирана во финалниот пакет.

„Искусивме слична динамика во почетокот на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, при што една земја (Бугарија) блокираше одлука што сите други би можеле да ја прифатат“, рече Борел.

Борел посочи дека системот на едногласност има негативни последици за кредибилитетот и ефикасноста на ЕУ.

Тој изјави дека идејата за „европска политичка заедница“ на францускиот претседател Емануел Макрон била прифатена од сите лидери на самитот.

„Европската политичка заедница може да им овозможи на земјите кандидати веднаш да учествуваат во различните политики на ЕУ. Може да вклучи и, доколку сакаат, одредени земји од кои не се бара да се приклучат на Унијата, како Норвешка, Швајцарија или Обединетото Кралство“, рече Борел.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески