Борци на исламистичката група Аш Шабаб го нападнаа претставништвото на ОН во Могадишу

Од:

Атентатор самоубиец и неколку вооружени напаѓачи денеска го нападнаа претставништвото на Програмата за развој на ОН (ПРООН) во сомалиската престолнина Могадишу, изјавија полицајци и очевидци, цитирани од британските медиуми.

– Атентатор самоубиец се крена во воздух на влезот на претставништвото на ПРООН, а потоа неколку вооружени борци влегоа внатре и отворија оган, рече полициски службеник.

Портпарол на ОН потврди дека напаѓачите успеале да упаднат во зградата. Подоцна радикалната исламистичка група Аш Шабаб ја презеде одговорноста за нападот.

На својот официјален профил на Твитер групата соопшти дека по првата експлозија битката меѓу нејзините борци и силите за безбедност траела повеќе од еден час.

Претставништвото на ПРООН е на неколкустотици метри од обезбедениот аердром во градот, што служи како главна база на африканските мировници, кои се борат со исламистите во Сомалија.

Би можело да ве интересира

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Вооружени мажи киднапираа брод кај Сомалија, судбината на екипажот е непозната

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

Двајца американски морнари исчезнаа во близина на брегот на Сомалија

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата