Борци на хиџадистичката група Исламска држава тврдат дека нивниот лидер Абу Бакр ал Багдади е мртов, објави ирачката телевизија „Ас Сумарија“, повикувајќи се на локален извор во провинцијата Нинава, чиј административен центар е Мосул.
Ирачкиот премиер Хајдер ал Абади вчера изјави дека вториот по големина град во земјата е целосно ослободен од ИД.
Според ирачката телевизија, борци на ИД соопштиле за загубата на својот лидер преку кратко соопштение. Во текстот пишувало дека набрзо ќе биде објавено името на новиот лидер.
Кон средината на минатиот месец руското Министерство за одбрана соопшти дека Ал Багдади бил убиен при руски воздушен удар во Сирија кон крајот на мај.