Борбата против нуклеарно оружје деветпати добитник на Нобеловата награда за мир

Од:

Пред Меѓународната кампања за забрана на нуклеарното оружје, осум други организации и поединци ја добија Нобеловата награда за мир за нивните напори за борба против ширењето на нуклеарното оружје.

Во 2015 година Меѓународната агенција за атомска енергија и нејзиниот тогашен директор Мохамед ел Барадеј ја добија наградата за нивните напори за спречување на користењето на нуклеарната енергија за воени цели.

Во 1995 година Џозеф Ротблат од Велика Британија и канадското движење Пагваш конференција за наука и светски работи ја добија наградата за нивните напори за елиминирање на нуклеарното оружје во светот на долг рок.

Во 1985 година организацијата „Лекарите во светот за спречување нуклеарна војна“ со седиште во САД ја доби наградата за напорите да им се објаснат на луѓето последиците од нуклеарната војна преку нивната информативна кампања.

Во 1982 година шведската дипломатка Алва Мурдал и нејзиниот мексикански колега Алфонсо Гарсија Роблес ја добија наградата за нивната улога во преговорите водени од ОН за нуклеарно разоружување.

Во 1975 година рускиот дисидент и нуклеарен физичар Андреј Сахаров ја доби наградата за својата борба за нуклеарно разоружување.

Во 1974 година поранешниот јапонски премиер Ејсаку Сато ја доби наградата откако се откажа од опцијата неговата земја да стане нуклеарна сила.

Во 1962 година американскиот физичар и хемичар Лајнус Карл Полинг ја доби наградата за неговата кампања против нуклеарните тестови.

Во 1959 година британскиот научник Филип Ноел Бејкер ја доби наградата за неговите напори да спречи нуклеарна војна меѓу САД и поранешниот СССР.

Би можело да ве интересира

Затворената иранска активистка Наргес Мохамади е добитничка на Нобеловата награда за мир

Норвешкиот писател Јун Фосе добитник на Нобеловата награда за литература

Научниците кои го овозможија развојот на вакцината против корона ја добија Нобеловата награда

Затворениот белоруски нобеловец тврди: Русија сака Украина да биде зависна диктатура

Горан Наумовски

Норвешкиот Нобелов комитет ја повика Белорусија да го ослободи годинешниот лауреат Бељацки

А1он

Сите овогодинешните нобеловци се противници на Путин и Лукашенко, со години ја критикуваат власта

А1он