Бомба експлодираше во катедрала во Сарагоса

Од:

Во шпанскиот град Сарагоса експлодира бомба поставена во катедралата „Дева Марија Пиларска“, која е една од најпопуларниите религиозни и туристички атракции во земјата.

-Експлозијата предизвика материјална штета, но нема повредени, рече претставник на локалните власти. Тој изјави дека ниту една група не ја презеде одговорноста за експлозијата, а полицијата ги испитува остатоците од експлозивната направа, пренесуваат американските медиуми.

Експлозијата во Катедралата „Дева Марија Пиларска“ се случи само три дена пред годишниот Пиларски фестивал во Сарагоса, што привлекува повеќе десетици илјади лица.

Би можело да ве интересира

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четоврица мртви и 19 исчезнати во страотниот пожар во Валенсија

Катерина Ѓуровски