Болсонаро нема да ги признае изборите догодина, ако нема и печатени гласачки ливчиња

Од:

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро денеска изјави дека може да не го прифати резултатот од претседателските избори следната година, освен ако системот за гласање, кој користи компјутери за регистрирање на гласовите, не биде заменет со испечатени гласачки ливчиња, на кои тој ги дава предност.

– Ако овој метод продолжи, тогаш ќе има проблеми, бидејќи едната страна, односно нашата, можеби нема да го прифати резултатот, истакна Болсонаро во интервју за една радио станица.

Анкетите на јавното мислење покажуваат дека Болсонаро според рејтингот заостанува зад Луис Инасио Лула да Силва, поранешниот левичарски претседател.

Болсонаро минатата недела нагласи дека нема да го предаде претседателското место доколку се случи измама со гласовите.

Порталот „Аксиос“ пишува дека Болсонаро се заканил дека ќе ги негира резултатите од претседателските избори, во момент кога е под зголемен притисок поради скандалот околу набавката на вакцини.

Бразилскиот Сенат организираше јавни расправи за начинот на кој власта се справи со пандемијата, при што се покажа дека Владата на Болсонаро игнорирала неколку понуди за набавка на вакцини, вклучително и од компанијата Фајзер, пренесува порталот Аксиос.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он

Бразилскиот претседател Лула да Силва е отпуштен од болница

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата