Болсонаро: Ако не победам на изборите ќе ја напуштам политиката

Од:

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро изјави дека ќе се повлече од политичкиот живот, доколку изгуби на изборите во октомври.

Според анкетите, Болсонаро не е фаворит на изборите.

– Доколку Божјата волја е таква, ќе продолжам. Доколку не е, ќе ја симнам (претседателската) лента и ќе се повлечам, бидејќи на моја возраст веќе нема што да правам во овој свет, ако на 31 декември мојот престој (на претседателската функција) заврши, изјави тој во разговор со водители на поткастови, наменети за младите евангелисти.

Медиуми објавија оти станува збор за изненадувачка изјава од страна на еден екстремно десничарски претседател, кој пред една година гласно изјави дека „само Бог“ може да му ја одземе моќта.

Според последното истражување на Институтот Датафолија, објавено во петокот, Болсонаро заостанува 11 поени зад поранешниот претседател Лула да Силва.

– Јас не сум спасителот на татковината, јас не сум тој кој ќе го спаси Бразил, додаде тој во над четиричасовниот разговор.

Болсонаро директно им се обрати на младите и посочи дека нивниот избор на гласачките места може да ја „означи нивната иднина“’. Потоа тој ги критикуваше левичарските влади во повеќето други јужноамерикански земји.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, СДСМ нема да се откаже од европската иднина на државата

Предраг Петровиќ

ОБСЕ/ОДИХР со позитивна оценка за изборниот ден, процедурите за гласање се почитувале во голема мера

Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него

Орце Костов

Сиљановска води во сите скопски општини: Предност пред Пендаровски има и во Чаир, Сарај, Шуто Оризари

Пендаровски: Резултатите не се како што очекувавме, веројатно разликата ќе биде околу 130 илјади гласови

Александар Тодески

Касами: ДУИ има купено гласови, Влен ги доби гласовите на Албанците

Александар Тодески