Околу 200 припадници на британската војска се испратени во лондонските болници поради недостаток на здравствен персонал.
Воените болничари ќе им помагаат на лекарите и на медицинските сестри кои се дел од јавниот здравствен систем со нега на пациенти.
Дел од здравствените работници велат дека испраќањето на војската е своевидно признаие на британската влада дака болниците имаа проблем поради големиот број новозаболени.
Лондон е особено погоден со бранот на омикрон. Војниците како што објасни британското министерство за одбрана во болниците ќе останат три седмици.