Болеста на иранскиот врховен лидер ја заостри внатреполитичката битка во земјата

Од:

Здравјето на иранскиот врховен и духовен лидер Али Хамнеи, на крај силно се влоши. Телевизијата секој ден објавува кадри кои покажуваат како ајатолахот прикован за кревет, ја повикува нацијата за единство и ја потсетува да се моли за него. Во земјата акутно лебди прашањето кој ќе го замени раководителот чија фигура веќе 25 години е камен темелник на системот на власта во исламската република. Меѓу главните претенденти се посочува ајатолахот Махмуд Хашеми Шахруди – противник на курсот кон либерализација и подобрување на односите со западот.

Гласините дека му се приближува крајот на 75-годишниот Али Хамнеи, се појавија уште во септември, кога ајатолахот беше подложен на сериозна операција. По неа, тој самиот ја уверуваше јавноста дека здравјето не му е најдобро, но ги повика своите сонародници да се молат за него. Според медиумите, од тогаш состојбата само уште повеќе му се влошила. Во џамиите секојдневно се почесто се вршат молитви за здравјето на „рахбара“ – врховниот раководител на Иран. Во болницата, духовниот лидер беше посетен од сите претставници на власта, вклучувајќи го и поранешниот претседател Махмуд Ахмадинеџад, со кого ајатолахот е со години во лоши односи.

Гласините дека Хамнеи е болен циркулираат веќе со години, но никогаш темата не била присутна толку многу во медиумите. Заболувањето на ајатолахот жестоко бранува со прашањата кој ќе дојде на најважната позиција во земјата, и што ќе стане со курсот на Иран кој денес се смета за либерален и прозападен откако е на власт претседателот Хасан Рохани (кој беше одобрен од сегашниот „рахбар“).

– Системот од сопки и спротивности во структурите на власта во Иран е многу сложен, изјави за Комерсант Алексеј Малашенко, експерт во центарот Карнеги. Според него, прашањето за новиот духовен водач ќе се решава помеѓу конзервативното свештенство, либералните сили и Советот на чуварите на исламската револуција, која е под силно влијание на ајатолахот Хамнеи. Најверојатно ќе претстои жестока битка и против самиот Хамнеи – која ја наметна во болница, кога тој ги повика иранските политичари да ги закопаат идеолошките разногласија „во стремежот да се зачува единството на нацијата“.

Откако Хасан Рохани победи на претседателските избори, Советот упорно им создаваше пречки на либералите обидувајќи се да го намалат неговото влијание во надворешната политика, вклучително и во преговорите со западот за нуклеарната програма на Иран. Според експертите, Советот на чуварите на револуцијата нема да остане настрана од изборот на новиот врховен раководител, кој ќе биде одговорен и за Советот на мудреците составен од неколку десетици влијателни муслимански свештеници.

Во јуни падна во кома главниот претендент за оваа позиција – 83-годишниот претставник на „старата гарда“, ајатолахот Мохамед Реза Махдауи Кани, и за духовен лидер почнаа да го подготвуваат заменик претседателот на Советот на мудреците, прилично помладиот ајатолах Махмуд Хашеми Шахруди, кој има 66 години. Тој се смета за фаворит на Али Хамнеи и се очекува да биде подржан од Советот на чуварите на револуцијата.

Всушност, експертите предупредуваат дека со текот на времето неговото управување може да стане закана за денешниот прозападен курс на Хасан Рохани – ајатолахот Шахруди важи за конзерватор и противник на либерализацијата, и е склон да продолжи се развива нуклеарната програма.

Поскромни изгледаат шансите на другите претенденти, за кои се посочуваат 80-годишниот Али Акбар Хашеми Рафсанџани – умерен конзерватор, и ајатолахот Садег Лариџани, кој е познат како либерал.

Но кој и да го замени ајатолахот Хамнеи, во следните години тешко дека ќе здобие со силно влијание – тоа дава надежи да се избегне остра промена на курсот на Иран. Експертите ја споредуваат денешната ситуација со онаа од 1989 година, кога почина лидерот на исламската револуција, ајатолахот Хомеини.

– По смртта на првиот духовен водач, Хамнеи беше неочекувано поставен – не беше видна фигура, но се покажа како компромисен кандидат, подобен за сите страни, рече неодамна за Комерсант Александар Шишкин, експерт за Иран. Тој подвлекува дека како последица на тоа, ајатолахот Хамнеи значително го раширил своето влијание меѓу сите клонови на власта, во медиумите и меѓу вооружените сили.

Сега експертите очекуваат повторно да се бара компромисна личност, и тоа со забрзано темпо – за да се избегне политичката нестабилност во земјата. „Дури и да биде сменет врховниот духовен водач, во блиска перспектива политиката на Иран ќе си остане истата“, смета Алексеј Малашенко. Според него, авторитетот на претседателот Рохани денес е многу голем, и во земјата и на запад.

– Иранската политичка елита ги оценува позитивно промените кои започаа со неговиот мандат, вклучително и тоа дека западот делумно ги укина санкциите кон Иран, дополни тој.

– Тешко е да предвидам како ќе продолжи битката за власт во Иран, изјави за Комерсант Виктор Мизин, заменик директор во Институтот за стратешки истражувања. „Тешко дека Техеран ќе посака да биде повторно изолиран, откако веќе демонстрира готовност за дијалог и доби соодветни олеснувања“.

 

Комерсант – Москва

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел