„Боинг“ ќе исплати 100 милиони долари на роднините на загинатите во двете катастрофи на „737 Макс“

Од:

Производителот на авиони „Боинг“ ќе обезбеди 100 милиони долари помош за загинатите во катастрофите на патничкиот авион од типот „737 Макс“ во Индонезија и Етиопија.

Парите ќе бидат исплатени за покривање на секојдневните трошоци на семејствата на загинатите. Сумите што ќе ги добијат роднините можат да се трошат и за образование. Парите ќе се исплаќаат во тек на неколку години на сметки на непрофитни организации и на локалните органи на власт од каде потекнуваат роднините, се вели во соопштението за јавноста.

Исплатата на парите не зависи од судските процеси започнати од роднините на 346 лица кои загинаа во авионските катастрофи. Против компанијата досега има поднесено 80 барања за отштета, јави „Блумберг“.

Летовите на Боинг „737 Макс“ беа забранети откако два авиони од овој тип се урнаа во временски рамки од неколку месеци. Едниот авион се урна лани во октомври во Индонезија, а другиот годинава во март во Етипоија.

Резултатите од истрагата укажуваат дека патничките авиони се урнале поради грешка во системот МКАС за помош на пилотите во управување со авионот.

Би можело да ве интересира

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Нов инцидент: На „Боинг 737“ му отпадна дел од крило за време на лет

Горан Наумовски

Авион ненадејно „падна“ на сред лет за Нов Зеланд, повредени се десет патници

Горан Наумовски

Свиркачот кој го тужеше „Боинг“ наводно се самоубил

Горан Наумовски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници