БНД секој месец доставувала информации до НСА

Од:

Германската разузнавачка агенција БНД секој месец и доставувала многу податоци за телефонски разговори и содржини на американската Национална безбедносна агенција (НСА), објави германскиот весник „Цајт“.

Весникот, повикувајќи се на доверливи документи, наведува дека секој ден биле собирани околу 220 милиони единици мета податоци, односно секој месец на НСА и биле испраќани 1,3 милијарди единици мета податоци.

Критичарите ги обвинуваат соработниците на канцеларката Ангела Меркел дека одлучиле БНД да и помага на НСА во шпионирањето на европски фирми и официјални лица. Тие ја обвинуваат Меркел и нејзините соработници дека лажеле за перспективите на германско-американскиот „договор за нешпионирање“ пред изборите во 2013 година.

Германските медиуми наведуваат дека Вашингтон никогаш не и предложил таков договор на Берлин.

Анкетите покажуваат дека скандалот со прислушувањето негативно влијае врз рејтингот на Меркел.

Би можело да ве интересира

Поранешни раководители на разузнавачки служби на САД најсериозни кандидати за директори на НСА и ЦИА

Ана Ололовска

Сноуден го прекршил договорот за доверливост со НСА, американската Влада ќе му земе пет милиони долари

Ана Ололовска

Тројца ранети и еден приведен по пукотница пред седиштето на НСА

Ана Ололовска

Трамп го номинираше генерал Пол Накасоне за директор на НСА

Ана Ололовска

„Вашингтон пост“: НСА останува без кадар

Наум Локоски

Директорите на ФБИ и НСА ќе сведочат за евентуалните врски на Трамп со Русија

Ана Ололовска