Блумберг: Се очекува Бајден да објави ослободување на нафтените резерви

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден најверојатно утре ќе објави дека ќе ослободи дел од нафтата од стратешките резерви на земјата со цел да влијае на цените на енергијата, соопшти Блумберг.

Според агенцијата, слични изјави се очекуваат и од други земји.

Индија пред неколку дена го одби барањето на американската администрација да ја разгледа можноста за ослободување на дел од стратешките нафтени резерви и нивна продажба со цел да се намалат цените на светскиот пазар.

Администрацијата на Џо Бајден претходно побара од владите во Јужна Кореја, Кина, Индија и Јапонија да размислат за продажба на дел од стратешките резерви, иако законодавството во тие земји не ги таргетира стратешките нафтени резерви за продажба. Вашингтон предложи координирана акција за намалување на цените на енергијата и на тој начин да и помогне на глобалната економија да закрепне.

Заедно со САД, четирите азиски економии ги сочинуваат петте најголеми потрошувачи на нафта во светот.

Би можело да ве интересира

Стармер: Преговорите со САД за трговскиот договор „добро напредуваат“

Баербок: Преговорите меѓу Русија и САД се во ќорсокак

Ритер: САД ќе се согласат со повеќето услови на Русија за решавање на конфликтот во Украина

Кина е најголема закана, САД ќе ја поддржат Европа само со нуклеарно одвраќање против Русија

Али Хамнеи: САД ќе се соочат со силна одмазда ако го нападнат Иран

Дали САД се подготвуваат да го нападнат Иран: Сателитските снимки покажуваат групација на стелт бомбардери Б-2

Предраг Петровиќ