Блокирано одржувањето на референдум за независност на Каталонија

Од:

Шпанскиот парламент блокираше одржување референдум за независност на северната шпанска покраина Каталонија. Против предлогот на каталонската Националистичка партија за одржување референдум против гласаа пратениците од владејачката конзервативна партија како и опозициската социјалистичка партија и мали партии од десниот центар.

Тоа е нов чекор во долгата „борба“ меѓу Барселона и Мадрид во ек на длабоката економска криза која ја погоди Шпанија.

Каталонија, чија економија е поголема од економијата на Португалија чини една петтина од шпанското стопанство. Меѓутоа и таа покраина со седум милиони жители е под бројни мерки за штедење и економска криза.

Лидерот на покраината Артур Мас предложи Каталонија да добие право за зголемување на сопствените даноци тврдејќи дека неговата покраина дава далеку повеќе на останатите делови од Шпанија отколку што добива за возврат.

Тој негов предлог на 20 септември го одби шпанскиот премиер Маријано Рахој со образложение дека е спротивен на Уставот на државата.
Претходно, во Барселона на 11 септември се собраа околу 1,5 милиони луѓе со барање за независност на Каталонија од остатокот од Шпанија. Голем број демонстранти тврдеа дека Шпанија ги вовлекла во економски неволји. Во Каталонија на 14 декември 2009 година беше одржан неформален референдум за независност и тогаш глас дадоа околу 30 отсто избирачи од кои околу 95 отсто беа Каталонија да се издвои од Шпанија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шпанската полиција уапси српски мафијаши

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски