Блинкен: Руското признавање на Доњецк и Луганск ќе наложи цврст одговор од САД

Од:

САД остро го осудија предлогот на рускиот Парламент за признавање на две украински сепаратистички републики, Доњецк и Луганск, како независни.

– Таков потег би претставувал грубо кршење на меѓународното право, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Рускиот Парламент вчера изгласа и го повика претседателот Владимир Путин да ги признае двата сепаратистички региона во источна Украина како „суверени и независни држави“ во момент на зголемени тензии со Западот поради распоредување трупи од Москва долж украинската граница.

– Одобрувањето на овој повик од страна на Кремљ би значело целосно отфрлање од страна на руската Влада на нејзините заложби кон договорите од Минск, истакна Блинкен, мислејќи на историскиот договор од 2014 година, чија цел беше да се реши конфликтот во Украина.

Тој додаде дека таквата одлука ќе ја поткопа „наведената посветеност на Москва да продолжи да се ангажира во дипломатијата за постигнување мирно решение на кризата и ќе наложи брз и цврст одговор од САД во целосна координација со нашите сојузници и партнери“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Мирошник: Украина не може да одржи прекин на огнот ниту 30 часа

Заврши прекинот на огнот, експлозии низ Украина

Пјаниќ им се извини на Русите: Тоа што ви го прават ФИФА и УЕФА е апсолутно погрешно

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Руски дрон погоди станбена зграда во Херсон, пет минути пред да започне примирјето

А1он